Jamiroquai повторно во Македонија PDF Печати Е-пошта
Напишано од Wishmaster on Понеделник, 06 Јуни 2011 11:53   

 

Авалон продукција соопшти дека после една година пауза, Македонија повторно ова лето добива голем стадионски концерт!

 

После Pink, Lenny Kravitz и Santana, наше големо задоволство ни е да ви го најавиме најголемиот disco, funk, acid jazz проект на сите времиња, бендот Jamiroquai кој важи за еден од највозбудливите светски live бендови на сите времиња, предводен од навистина фантастичната и неповторлива музичка појава, суперхаризматичниот Jay Кay.

 

3-ти Јули, недела, Арена Филип Втори.

 

Jamiroquai на големата светска турнеја го промовира извонредниот нов албум "Rock Dust Light Star" како и најголемите хитови од претходните шест албуми!

 

Концертот на Jamiroquai е последен концерт на Авалон Продукција во Скопје до Септември 2011.

 

Авалон во договор со менаџментот на Jamiroquai цените ги прилагоди на условите во Македонија:

 

Партер - 1000 ден.
Fan-Pit - 1500 ден.
Трибини - 1200 ден.
Golden Seats - 1500 ден.
Ultra Vip - 2000 ден.

 

Влезниците cе во продажба во четврток ( 02.06.2011 ) од 10 часот наутро, преку системот на ККЗС во Македонија и регионот!




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov