Кокер најавува двочасовен спектакл |
|
|
|
Напишано од Unevski on Вторник, 17 Мај 2011 21:25
|
Концертот на англиската блуз и рок-легенда Џо Кокер, кој ќе се одржи на 15 јуни во спортската арена "Борис Трајковски" во Скопје, ќе трае повеќе од два часа.
Организаторите на скопскиот концерт, "Авалон продукција", откриваат дека најголемите побарувања на менаџментот на Кокер се околу аудио и визуелниот дел.
Шеесет и шестгодишниот пејач од Шефилд гостува во рамките на својата европската турнеја на која го промовира својот последен студиски албум Hard Knocks.
Покрај нумерите од новото цеде, пејачот ќе ги изведе своите најголеми хитови. Освен во Скопје, Кокер на 29 мај ќе настапи во Белград, а на 1 јуни во Загреб.
|