Димитар и Михаела ја донираат својата матурска облека PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 16 Април 2019 12:01   

 

Димитар и Михаела се младиот пар кои во пресрет на матурските вечери ја воодушевија Македонија.


Димитар Аврамов кој студира и работи како програмер во Бугарија, исто како и неговата девојка Михаела Димитријевска која е на добар пат да стане врвен забен техничар, ја споделија својата благородна идеа да ја донираат облеката од својата матурска вечер на двајца матуранти на кои оваа облека би им била од корист за нивната матурска прослава.


„Идеата дојде сосема случајно, од еден наш заеднички разговор за тоа како сме си ја поминале матурската забава. Размислувавме, баравме начин и на крај решивме да ја споделиме нашата идеа на социјалните мрежи, кој на наше големо задоволство донесе позитивни забелешки. Веднаш потоа добивме стотици пораки и коментари за тоа на кој се можеме да му помогнеме“ - информираат Димитар и Михаела.


Дополнително, хуманиот гест на Димитар и Михаела допринесе во акцијата да се вклучат и останати физички и правни лица, кои најавија донации на облека, козметички третмани...


Димитар и Михаела повикуваат на масивно споделување на оваа акција, со цел да се најдат навистина најзагрозените. Тие ветуваат дека нема да запрат тука, ќе продолжат и ќе размислуваат за како да помогнам на луѓето и општеството за „подобро утре".

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov