Србите од Македонија на заедничка забава со нивните пријатели PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 03 Февруари 2019 17:23   

 

По свечената академија со која Србите од Македонија го одбележаа празникот Свети Сава, припадниците на српската заедница се подготвуваат за ново заедничко дружење, но овој пат заедно со нивните пријатели.


„Манифестацијата „Срби и Пријатељи“ ќе биде едно убаво дружење исполнето со многу забава помеѓу Србите кои живеат во Македонија и нивните пријатели. За настанот веќе имаме огромен интерес, а она што не радува е тоа што своето присуство веќе го потврдија голем број високи личности кои припаѓаат на српската заедница, но и амбасадори, претставници од дипломатскиот кор, градоначалници и останати јавни личности“ - велат организаторите на настанот.


Манифестацијата ќе се оддржи на 16ти февруари, во ресторанот „Кај Жика“ во Росоман со почеток од 20 часот, а за забавниот дел ќе биде задолжена популарната Милица Крцмановиќ.


Менито со вклучени неограничени пијалоци чини само 1000 денари. Информации и резервации на телефон 075444472.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov