Кавадарци доби лизгалиште PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 18 Декември 2018 10:31   

  

За прв пат во својата историја Кавадарци доби лизгалиште. Снежниот ден само дополнително ја збогати убавата атмосфера на отворањето на лизгалиштето, проект кој беше најавуван уште мината година, а за чија реализација годинава најголема заслуга имаат компаниите Кожувчанка, Црна Река Петрол и општина Кавадарци.


Лизгалиштето е лоцирано на тениските терени на тенискиот клуб Црна Река Петрол, а за потребите на кавадаречките рекреативци се набавени 300 лизгалки кои ќе може да се изнајмат.


Градоначалникот Митко Јанчев го означи стартот на сезоната на лизгање, а на чинот на отворањето на лизгалиштето присуствуваа и претставници од компаниите Кожувчанка и Црна Река Петрол, членовите на хокеарската федерација на Македонија.


Се разбира не беше мал ниту бројот на деца за кои пред се е наменето ова лизгалиште, и за кои преку Сојузот на спортови на општина Кавадарци ќе биде овозможена бесплатна рекреација.





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov