Во среда, нова реприза на „Пасивно пушење“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 03 Декември 2018 18:16   

  

Петнаесетина дена откако и официјално го доби признанието за најдобра машка улога на фестивалот „Репасаж“, кавадаречката публика конечно ќе има шанса со аплауз да му честита на Диме Коцевски, но и на сите актери кои се дел од хит претставата „Пасивно пушење“.


Новата реприза на комедијата „Пасивно пушење“ е закажана веќе за во среда, 5 декември, со почеток од 20 часот. Претставата е работена по текст на Небојша Ромчевиќ, во адаптација на Ненад Витанов, а во режија на Јордан Витанов. Во претставата покрај Коцевски играат Видан Станоев, Коле Колев - Зезо, Диме Боцев, Љупчо Настов и Валентина Ѓорѓиева.

 

 

Влезниците за претставата можат да се набават на билетарницата на Домот на културата од понеделник, 3ти до среда, 5ти декември, во периодот од 18 до 20 часот по симболична цена од 100 денари. 





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov