Отворен ден со млади во Централ Кафе |
|
|
|
Напишано од Unevski on Четврток, 01 Ноември 2018 17:24
|
Со цел младите од Општина Кавадарци да се запознаат со членовите на Совет на млади на Општина Кавадарци и членовите на Училишниот парламент на Гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци како основни механизми за младинско учество во процесот на донесување одлуки, младинскиот информативен центар „ИНФО СЕГА“ Кавадарци и „Прогресс плус“ Кавадарци Ве покануваат на „Отворен ден со млади“.
Настанот ќе се оддржи во сабота, 3 ноември, во Централ Бар со почеток од 12 часот. На истиот, младите ќе можат да даваат коментари, препораки и идеи за подобрување на општата ситуација за младите во Општината. Ќе се презентира работата на Совет на млади и Училишниот Парламент и ќе се изнесуваат идеи и предлози за подобрување на меѓусебната соработка. Овој настан е дел од проектот „Вклучи се и ти заедно да сме активни“ кој го спроведуваат „Прогресс Плус“ и Младинскиот информативен центар „ИНФО СЕГА“ Кавадарци и е дел од Локален фонд за млади на проектот „Регионална платформа за младинско учество и дијалог на Балканот“.
„Локален фонд за млади” претставува фонд кој го обезбедува АЛДА Скопје во рамките на овој проект, а со цел поддршка на локалните иницијативи, неформални младински групи имладински здруженија во општина Центар и општина Кавадарци.

|