Со низа настани „Максима Еду“ ќе ја одбележи Детската недела PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 03 Октомври 2018 20:40   

Со забавно-едукативни активности кои се вклопуваат во заложбите за лично надградување на секој ученик во повеќе области од општествениот живот, центарот за странски јазици „Максима Еду“ ќе ја одбележи Детската недела која се слави насекаде низ светот во првата недела од октомври.


Годинава, Максима Еду за сите ученици од одделенските програми подготви две супер интересни 3Д филмски проекции, а за најмладите, целодневно дружење во детското царство на игротеката Бабало.


Филмските проекции се закажани за во четврток, 4 октомври, додека дружењето со најмладите е резервирано за во недела.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov