Во петок нова реприза на комедијата „Пасивно пушење“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 18 Септември 2018 17:32   

  

Поради огромниот интерес, претставата „Пасивно пушење“ и овој петок повторно ќе биде поставена на сцената на кавадаречкиот театар.

 

Новата реприза на комедијата која со својата и повеќе од актуелна содржина го сврте вниманието на кавадаречката јавност е закажана за во петок, 3 октомврии, со почеток од 20 часот.

 

За потсетување, режијата е на фантастичниот Јордан Витанов, а улогите ги толкуваат Диме Коцевски, Љупчо Настов, Видан Станоев, Диме Коцевски, Коле Колев - Зезо, а своја улога има и Валентина Ѓорѓиева.

 

Влезниците за претставата можат да се набават на билетарницата на Домот на културата во четврток и петок, 4 и 5 октомври, во периодот од 18 до 20 часот по симболична цена од 100 денари. 





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov