Социјално загрозените семејства се ослободуваат од плаќање на сметки за комунални услуги PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 11 Септември 2018 14:03   

Со одлука на Советот на општина Кавадарци социјално загрозените семејства се ослободуваат од плаќање на сметките за комуналните услуги.


Согласно одлуката која беше донесена на седницата оддржана на 30 август, социјално загрозените семејства ќе бидат ослободени од месечниот трошок за снабдување со вода за пиење, собирање и транспорт на смет и други комунални услуги.


Со оваа одлука ќе бидат опфатени социјално загрозените семејства кои исполнуваат услови за социјална парична помош, постојана парична помош, паричен надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот, додаток за глувост, парична помош на самохран родител, парична помош на самохран родител кој има дете со пречки во развој и додаток за слепило и мобилност, и истите треба да достават Барање заедно со комплетна документација издадена од Центарот за социјални работи во јавното претпријатие Комуналец најдоцна до 30 септември 2018 година.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov