Гроздоберот започнува со промоцијата на книгата „Буке“ на Душко Стефанов PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 06 Септември 2018 17:41   

 

Промоцијата на книгата „Буке“ која всушност претставува збирка на вински мисли и мудрости на авторот Душко Стефанов, создадени во последните две и пол години за потребите на специјализираниот сајт за вино и вино култура, www.vinotika.mk ќе биде помеѓу централните настани на првиот гроздоберски ден од годинешното издание на стопанско туристичката манифестација „Тиквешки гроздобер“.


Токму промоцијата на книгата „Буке“ ќе биде настанот со кој годинава и официјално ќе биде отворен „Тиквешкиот гроздобер“, кој ќе донесе бројни новини кои ќе го привлечат вниманието не само на кавадарчани, туку и на останатите гости кои ќе решат да го поминат викендот во Кавадарци.


Според предвиденото, на промоцијата на третата книга на авторот Душко Стефанов, ќе се обратат градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, градскиот боем, Миле Белевски и виртуозот на класична гитара, Миле Каровски. Дополнително, во винската промоција на книгата ќе се вклучи и винарската визба Милев „Гоце Делчев - Тиквеш“ со своите изворедни вина.


Промоцијата на „Буке“ е закажана за во петок, 7ми септември, со почеток од 12 часот во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“, а влезот за истата е слободен.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov