Вечерва, отстранете ги возилата од улицата „Илинденска“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 29 Август 2018 09:49   

 

Поради одбележување на паркинг местата на улицата „Илинденска“, јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци ги известува сите граѓани да ги отстранат своите возила.


Одбележувањето ќе се врши во периодот од 22 часот до 07 часот наутро, а со цел непречено да се изврши обележувањето, се молат сите граѓани треба да ги отстранат своите возила најдоцна до 20 часот.


Од Комуналец информираат дека доколку не се изврши самоволно тргање на возилата од улицата, сопствениците на истите ќе бидат барани со полициска придружба односно ќе се бараат сопствениците по регистарски таблици и ќе се повикуваат да ги поместат возилата во текот на ноќните часови.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov