Кавадарчанецот Мите Ташев ќе биде дел од петчлената македонска екипа која ќе земе учество на првата европска централна вело трансферзала „Виа Централа“ која на 21 август ќе стартува од Белград, а ќе заврши во Хамбург, Германија.
На патот долг 2000 километри, Ташев заедно со останатите учесници ќе застанат во Сомбор, Дунавјарош, Будимпешта, Кхлаба, Шаморин, Братислава, Виена, Опатов, Прага, Усти над Лабом, Дрезден, Десау, Вербен, Лауенбург, Глукштат, за според предвиденото на 4 септември да пристигнат во Хамбург.
За да го оствари својот сон, но и за да го претставува Кавадарци на оваа исклучително исцрпувачка тура, на Ташев му е потребна поддршка од сите правни и физички лица, добронамерници, вљубеници во велосипедизмот и спортот воопшто, да собере дел од потребните средства кои изнесуваат приближно 600 евра. Сите заинтересирани да помогнат за остварување на целта на Ташев, но и за промоција на Кавадарци, може да извршат уплата на жиро сметка бр. 210501647609360 НЛБ Банка, на име Митко Ташев, со назнака спонзорства/донација за учество на првата европска централна вело трансверзала-Виа централа
Заедно со Мите Ташев, во македонскиот тим се и Мартина Николовска и Владимир Гаштевски од Битола, Кристијан Ќулумовски од Ресен и Војислав Гушевски од Скопје кој е иницијатор за настап на оваа тура.
|