Вечерва, концерт на кавадаречките виртуози Страшо Темков и Миле Каровски PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 01 Август 2018 09:55   

Вечерва, среда, 1 август 2018, со почеток од 20.30 часот, по повод Националниот празник на Македонија “Илинден“ во Салата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци“ ќе се одржи целовечерен концерт на големите музичари со потекло од Кавадарци, Страшо Темков на флејта и Миле Каровски на класична гитара.


Страшо Темков кој важи за еден од најдобриот македонски флејтист е професор на Факултетот за музички уметности во Скопје, а зад себе има импозантна биографија со стотици концерти низ Македонија и странство.


Миле Каровски пак е класичен гитарист, извонреден музичар со десетици концерти низ Македонија и странство, кој во последно време е посветен на младите таленти и успешно го прави тоа преку неговата Школа за класична гитара.


Влезот за концертот е слободен.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov