Продолжува комуналната изградба во градот PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 26 Јули 2018 12:41   

Продолжуваат градежните работи низ Кавадарци. Во изминатиот период оперативните екипи работат на поставување на атмосферска канализација на улицата „Пионерска“ како и на поплочување на дел од улицата „12 Другари“.


На улицата „Пионерска“ градежните работи се во завршна фаза, односно се работи на последните 30 метри од целосно новата линија со вкупна должина од 265метри. Новата линија од атмосферската канализација се гради на потегот од раскрсницатасо улицата „Ресавска“ каде се спојува со постојната атмосферска канализација, а во правец на ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“. За овој проект општината инвестира 1.060.473 денари, а парите се обезбедени од општинскиот буџет.


Со реализација на овој проект ќе се зафатат површинските води во овој дел на градот, со што при обилни врнежи ќе се намали количината на дождовна вода која се слева кон центарот. Општината Кавадарци го реализира овој проект со цел подобрување на опфатеноста на градот со атмосферска канализација.


На улицата „12 Другари“ со павер елементи беше поплочен крак од улицата „12 Другари“. Се работи за површина од 160м2, веднаш до службените простории на ФК „Габер“ во Ваташа. Притоа за формирање на контурите на улицата се поставија и ивичници во должина од 30 метри.

 

</p




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov