Возило за персоналот на болницата во Кавадарци PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Петок, 13 Јули 2018 09:29   

 

Компанијата Дрекслмајер уште еднаш потврди дека е докажан партнер на ЈЗУ Општа болница Кавадарци. По неколкуте проекти кои беа реализирани во оваа институција, од неодамна болницата во сопственост доби и автомобил.


Компанијата Дрекслмајер излезе во пресрет на потребите на медицинскиот персонал и во рамки на својата програма за општествена одговорност го предаде возилото во сопственост на оваа здравствена установа. Клучевите од автомобилот му беа врачени на директорот на болницата др. Диме Коцев од страна на генералниот директор на Дрекслмајер Македонија, Лукас Мирингер.


„Благодарност до Дрекселмаер за поддршката која ни ја дава. Возилото што го добивме е од голема полза за персоналот на болницата што придонесува отсега и ние да бидеме помобилни и подостапни“, истакна директорот на болницата др. Коцев, за време на примопредавањето на автомобилот.


„Благодарение на оваа компанија нашата болница располага и со најсовремени апарати гастроскоп и колонскоп и е единствена во целиот регион во која се вршат прегледи со оваа апаратура“, додаде др. Коцев.


Медицинските апарати кои беа донирани придонесоа пациентите од регионот брзо да закажуваат прегледи во болницата во Кавадарци и повеќе да не се упатуваат во поголемите клинички центри.


„Драго ми е кога заеднички постигнуваме нови цели. Покрај медицинската опрема, овој пат сакавме да излеземе во пресрет на медицинскиот персонал и среќни сме за укажаната можност да ја олесниме секојдневната работа на тимот во болницата", рече Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер Македонија.


Преку реализација на голем број проекти од различен карактер компанијата Дрекслмајер останува доследна на својата мисија да го поддржува регионот. И во иднина спроведувајќи бројни активности ќе останеме негов лојален партнер.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov