Фудбалерите на ГФК Тиквеш ги започнаа подготовките за новата сезона |
|
|
|
Напишано од Unevski on Четврток, 05 Јули 2018 10:03
|
Фудбалерите на градскиот фудбалски клуб Тиквеш и официјално ги започнаа подготовките за престојната натпреварувачка сезона, во која повторно амбициите се влез во македонското елитно фудбалско друштво.
На првата прозивка, новиот тренер Љупчо Димитковски – Гањо имаше на располагање 25 фудбалери, меѓу кои беа и новајлиите Адријан Чаволи, Александар Игески, Дарко Дигаловски, Александар Вареловски, како и повратникот во екипата, Васко Митрев.
Според предвиденото, подготовките до конечното екипирање на тимот ќе се оддржуваат во Кавадарци, на физичката подготвеност ќе се работи на припремите во Маврово, за во последната фаза да се работи на тактичко-технички план и темпирање на формата пред почетокот на првенството.
|