Во сабота, мултимедиален перформанс „Ртулци - Инкубатор продукции во Кавадарци“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Петок, 29 Јуни 2018 21:59   

 

Серијата на културни настани кои го збогатуваат кавадаречкото културно лето продолжува. Во сабота, 30 јуни во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ не очекува мултимедиален перформанс на инкубатор лабораториите „Ртулци“, кој носи работен наслов „Ртулци - Инкубатор продукции во Кавадарци“. Честа на кавадаречката танцувачка сцена овој пат ќе ја брани Лазар Соколов, кореограф и инструктор по латино и стандардни танци. Освен што е дел во танцувачките состави во поголемиот дел од седумте секвенци, Соколов се јавува и како кореограф на „Современо танго“. Почетокот на настанот е во 20 часот, а подолу се сите информации за се она што како програма не очекува.


„ОБЛАК“
Кореограф: Матеа Киселичка
Асистент на кореограф: Анастасија данчевска
Музика: Борко Биџовски
Визуелен уметник: Љупчо Спасески
Костими: Катерина Димитровска и Љубица Беќарова
Танчери: Лазар Соколов, Бојана Самарџиска, Марина Гоцевска, Елена Иванова, Стела Поповска,

ОБЛАК = аеросол кој се состои од видлива маса на течни капки, замрзнати кристали или други честички суспендирани во атмосферата на планетарно тело.
Идеја: Човечкото тело во релација со ова планетарно тело, создава танцова композиција во една уметничка инсталација, на едно надреално место.


„КУЛТИВАТОР“
Кореограф: Андријана Андреева
Музика: Бојан Филиповски и Јован Јовановски
Костими: Катерина Димитровска и Љубица Беќарова
Танчери: Даниел Коцев, Лазар Соколов, Антонија Дмитриовска, Исидора Краљевска, Фросина Шуман, Бојана Самарџиска, Марина Гоцевска, Елена Иванова, Стела Поповска

„Простор во кој се споија млади уметници, ентузијасти и сите заедно создадоа заедничка енергија во процесот на истажување на движењето и формата. Раѓањето на новата енергија го ставивме во машина која нема да престане да работи и ја нарековме Култиватор.“


„EXTENDED BODY“
Кореографија: Александра Петрушевска, Адријана Данчевска
Музика: Мартин Тренески
Костими: Катерина Димитровска и Љубица Беќарова
Танчери: Даниел Коцев, Лазар Соколов, Антонија Дмитриовска, Исидора Краљевска, Фросина Шуман, Бојана Самарџиска, Марина Гоцевска, Елена Иванова, Стела Поповска, Арта Ќаили

„’Extended body’ е краток танц перформанс кој се занимава со човековите телесни способности. Тргнува од најесенцијално движење, чекорот, како база на која се ставаат други нивоа за достигнување на покомплексна целина.“

„ПОСЛЕДЕН ЗДИВ“
Кореограф: Даниел Коцев
Музика: Филип Динев
Костими: Катерина Димитровска и Љубица Беќарова
Танчери: Даниел Коцев, Лазар Соколов, Антонија Дмитриовска, Исидора Краљевска, Фросина Шуман, Бојана Самарџиска, Марина Гоцевска, Елена Иванова, Стела Поповска, Арта Ќаили
„Кореографијата „Последен здив“ е инсирирана од животна случка која ја имам доживеано. Никогаш не знаеме кога ќе ни биде последниот здив и затоа, сметам дека треба да си го живееме секој ден како последен.“


„СОВРЕМЕН ТОТЕМ“
Кореографија: Дејан Битровски
Музика: Мартин Тренески
Визеулен уметник: Филип Цакоски
Костими: Катерина Димитровска и Љубица Беќарова
Танчери: Даниел Коцев, Антонија Димитриовска, Исидора Краљевска, Фросина Шуман, Арта Ќаили, Стела Поповска

Приватниот живот – не ни е приватен и никогаш не сме сами. Направивме артифициелен бог, ист како оној – невидливиот, сеприсутниот. Направивме и негови светилишта – предаватели, кои ги толкувам ко храмови на овој бог што постои во етерот. Моите три кули, се токму тоа – Тотеми, кои го привлекуваат човекот како обичен молец.


„СОВРЕМЕНО ТАНГО“
Кореограф: Лазар Соколов
Музика: Борко Биџовски
Визуелен уметник: Филип Цакоски
Танчери: Јована Зајкова, Бобан Русески

„Современ танц и танго ритам. Синергија на две танцови техники, истражување за начинот на кој тие комуницираат, со цел да се раскаже едноставна приказна за двајца.“


„СИТЕ НИЕ“
Кореограф: Рисима Рисимкин
Музика: Столе Тришански
Костими: Катерина Димитровска и Љубица Беќарова
Танчери: Даниел Коцев, Лазар Соколов, Антонија Дмитриовска, Исидора Краљевска, Фросина Шуман, Бојана Самарџиска, Марина Гоцевска, Елена Иванова, Стела Поповска, Арта Ќаили

„Тело. Физички аспект на расказ на мисла. Емотивен набој или нешто друго? „Сите ние“ ги бараме одговорите.“

 

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov