Вечерва, промоција на првата “Македонска Рок енциклопедија“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Петок, 29 Јуни 2018 10:04   

 

Вечерва, петок, 29 јуни 2018, со почеток од 20 часот, во Галерија при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе се одржи ексклузивна промоција на првата “Македонска Рок енциклопедија“, на авторот Тошо Филиповски.


Извонредна прилика да се слушне авторот, како еден од најдобрите познавачи на македонската рок музика, инаку долгогодишен музички новинар, организатор на рок концерти и фестивали и редок хроничар на македонските рок состојби. Секако, на присутната публика и сопствениците на единствената “Македонска Рок енциклопедија“ ќе им посвети особено внимание и потпишување на истата.


Промоцијата ќе има повеќе содржини. Меѓу другото, настап на двајца извонредни кавадаречки рок гитаристи Ристе Димитров (Smoke Shakers/Bad-Ass-All) и Виктор Кимов (Leksikon), прикажување на докуметарен филм за македонската рок музика од шеесетите и седумдесетите години на минатиот век, како и разговор со авторот за Македонската рок енциклопедија.

 

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov