„Во боите на Некст Левел“ заврши уште една успешна учебна година |
|
|
|
Напишано од Unevski on Сабота, 23 Јуни 2018 16:33
|
По една година пауза, Некст Левел забавата се врати во градот за и официјално да го означи крајот на уште една, единаесетта по ред успешна учебна година.
По девет години во Експрес кафе, годинешната забава „Во боите на Некст Левел“ за прв пат се оддржа во преполниот Централ Бар, каде стотици дечиња од речиси сите возрасни детски групи, се забавуваа, играа и танцуваа во ритамот на музиката.
За прв пат, дел од забавата беше и актерот Видан Станоев, кој ги најави имињата на најдобрите ученици кои добија признанија и дипломи, но и ги израдува најсреќните кај кои завршија наградите од наградната игра.
Во продолжение следуваа и традиционалните караоке, пингвин денс и танц со балони, во кои учествуваа речиси сите дечиња, притоа посакувајќи си убав распуст и најава за нова дружба во новата учебна година.
<<<ФОТО>>>
|