Димитковски нов тренер на ГФК Тиквеш. Објавени имињата на првите засилувања PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Сабота, 23 Јуни 2018 14:29   

 

Љупчо Димитковски ќе го предводи градскиот фудбалски клуб Тиквеш 1930 во новата сезона, во која амбициите се освојување на првото место и пласман во прволигашкото друштво. Димитковски кој по речиси десет години повторно се враќа на клупата на Тиквеш доаѓа на местото на Митко Сапунџиев, кој ќе го превземе работењето со помладите категории, а кои ќе бидат неговите стручни помошници ќе биде објавено во текот на следната недела.


Назначувањето на Димитковски за шеф на стручниот штаб го објави претстедателот на клубот Миле Масларков, кој напомена дека Димитковски е вистинскиот човек кој по ќе му обезбеди прволигашки статус на клубот.


На прес конференцијата беа претставени и новите засилувања на клубот, голманот Игевски Александар, фудбалерите Чаволи Адријан, Игаловски Дарко и Димовски Борче, а во клубот се враќа и поранешниот македонски младински репрезентативец Васко Митрев.


Од клубот најавуваат дека во моментов во тек се преговори и со останати играчи кои што се очекува во следниот период да го стават својот потпис на договорот за соработка со клубот од Кавадарци.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov