Десет студенти добија стипендии од Дрекслмајер PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 14 Јуни 2018 10:04   

 

Младите и нивното образование остануваат во фокусот на Дрекслмајер. Компанијата продолжува со својата пракса и повторно поддржа дел од најдобрите студенти од техничките факултети при Универзитетите „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје и Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Годинава, стипендии добија десет студенти од техничките факултети кои се четврта година и ги исполнија критериумите на Дрекслмајер.


Стипендијата вклучува месечен паричен надомест за еден семестар како и едномесечна пракса во фабриката Дрекслмајер во Кавадарци. Практичната работа е осмислена од специјалисти инженери на Дрекслмајер Груп, а секој студент ќе биде дел од тимот на одреден оддел. Стипендистите ќе бидат ангажирани на конкретна проектна задача, а низ креативниот процес ќе ги води ментор – специјалист.


Студентите пројавија огромен интерес за вклучување во стипендиската програма на Дрекслмајер. Избраните стипендисти се студенти кои го запишале осмиот семестар и ги исполнуваат пропишаните критериуми на компанијата. По одржаните интервјуа и тестирања при селективниот процес, беа одбрани најдобрите десет кандидати.


„Со нетрпение очекувам да започнам со работа на доделениот проект. Се надевам дека овде во Дрекслмајер ќе научам нешто ново и ќе стекнам почетно искуство во областа на Индустриското инженерство“, рече Наталија Момчиловска Димоска, студентка на Машински факултет, Скопје.


„Ќе имаме месец исполнет со интересни проекти и мотивирани студенти. Чест ми е што сум дел од стипендиската програма на компанијата и што ќе менторирам проектна задача на еден од нашите стипендисти“, истакна Бранкица Аргиева, менаџер во производство во Дрекслмајер.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov