Во четврток, промоција на Романот на годината “Одбројување“ на Фросина Пармаковска PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 13 Јуни 2018 08:36   

 

Утре, со почеток од 13 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе се одржи промоција на Романот на годината “Одбројување“ на Фросина Пармаковска.


Ова најважно и најпрестижно признание за едно литературно дело во државата го доделува Фондацијата “Славко Јаневски“ и токму романот “Одбројување“ на Фросина Пармаковска е добитник за 2017 година.


Промоцијата е во организација на Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ и Фондацијата “Славко Јаневски“, а романот е во издание на Издавачката куќа “Или Или“ од Скопје.


За време на промоцијата, за Фондацијата ќе зборува познатиот новинар Ѕвездан Георгиевски, на наградениот роман ќе се осврне познатиот писател Петар Андоновски (и самиот добитник на наградата во 2015), извадоци ќе претстави Мери Каровска, за да свое обраќање има и авторката Фросина Пармаковска. Примероци на романот ќе бидат во слободна продажба за време на промоцијата.


На присутната публика авторката Фросина Пармаковска ќе и посвети посебно внимание и секако потпишување на нивните примероци од романот “Одбројување“.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov