Започна третото издание на Алшар 2и18 PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Петок, 08 Јуни 2018 17:24   

 

Кавадарци е подготвено за третата Алшар авантура, која започна денес и ќе трае се до недела. Ова беше потврдено и на дешената прес конференција за почетокот на настанот, кој како ретко кој е поддржан од целокупниот јавен и приватен сектор.


Како прв човек на градот, градоначалникот Митко Јанчев потврди дека и годинава ќе земе активно учество во активностите кои се дел од Алшар 2018, а во своето обраќање пред медиумите и пријателите на настанот, потенцираше дека не секој град има можност и привилегија да организира настан кој е еден од најголемите и најважните кои се оддржуваат во Кавадарци и централна Македонија воопшто.


Потврда дека и годинава нивото на безбедност ќе биде на највисоко ниво дојде и од началникот на полициската станица од општа надлежност Кавадарци, Сашко Димовски, кој најави дека и самиот ќе биде дел од екипата која ќе се погрижи сите учесници и гости на најмасовниот аутдор фестивал во земјата да имаат пријатен, сигурен и безбеден престој, и да ги паметат само убавите нешта од Алшар 2018.

 


Од името на здружението Тиквешки точакџии, претседалот Живко Гурев упати благодарност до сите поддржувачи и пријатели, и ги покани сите кои сакаат да уживаат во природата и рекреацијата, да бидат дел од третото издание на Алшар 2018. Благодарност до спонзорите од свое лично име, и од име на тиквешките точакџии упати и Лазар Трајков, кој меѓу другото рече дека иако дождот значи бериќет, се надева дека годинава ќе го има во помала количина, и ќе им овозможи на сите да уживаат во предвидените фестивалски активности.


А фестивалот е веќе започнат. Првите жители на камп зоната веќе оддамна ги поставија своите шатори, што е најава за ново, возбудливо АлШар издание.


Според официјалната програма, зa 20тина минути ќе започне концертот на Културно уметничкото друштво „Тиквеш“, додека првата фестивалска вечер ќе ја затвори групата „Чардак“.


Саботниот ден е резервиран за моторите и теренските возила кои ќе продефилираат по малата, средната и големата велосипедска патека, а по пладневната „сиеста“, ќе следи настап на диџеј Славе Келешовски, закажан за во 19 часот и 30 минути, од 21 часот ќе се прикажуваат Лакардиите на Паја, а во 22 и 30 ќе настапи кавадаречкиот рок состав Бадасал.

 


Последниот ден од манифестацијата повторно ги носи сите централни настани. По будењето со македонската химна и традиционалниот кавадаречки појадок со пешии, ќе следи официјалното отворање на фестивалот, кое е закажано за во 10 часот. Веднаш по отворањето ќе следи и стартот на големата велосипедска тура, половина час подоцна ќе започнат средната велосипедска тура и големата планинарска тура, а во 11 часот ќе стартува малата велосипедска и малата планинарска тура.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov