Повеќе од триста полуматуранти беа дел од отворениот ден во СОЗШУ „Ѓорче Петров“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 07 Јуни 2018 17:58   

 

Повеќе од триста ученици од највисоките одделенија од кавадаречките основни училишта беа дел од отворениот ден кој специјално за нив го организираше средното општинско земјоделско и шумарско училиште „Ѓорче Петров“.


Во училишниот двор, идните средношколци имаа можност да се запознаат со се она што како наставна можност, но и како надгледни и практични средства ќе го користат во продолжението од своето образование.


Очекувано, најголем интерес, особено кај девојките, имаше за новата, медицинско-фармацевтска струка, додека пак момчињата беа повеќе заинтересирани околу механизацијата која беше поставена во дворот на училиштето.


Освен со надгледните средства, полуматурантите имаа можност и да го разгледаат училиштето, наставните кабинети и останатите придружни објекти.

 


Во своето обраќање пред присутните, директорот на училиштето, Горан Велковски, на новите средношколци им ги презентираше сите можности кои ги нуди училиштето, од наставните струки, па се до бесплатни екскурзии, стипендиите и можностите за вработување кои ги нудат компаниите со кои училиштето има склучено меморандуми за соработка.


Покрај тоа што добија многу појасна слика за училиштето и можностите кои ги нуди, учениците беа дел и од наградната игра со која организаторот, СОЗШУ „Ѓорче Петров“ која предизвика дополнителен интерес кај деветооделенците, од кои дефитинитивно голем дел следната учебна година ќе ја започнат како ученици на ова училиште.

 

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov