Успешен настап на ЏК „Кожувчанка“ на меѓународниот натпревар во Пеќ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 14 Мај 2018 10:01   

 

Џудо клубот „Кожувчанка“ ја продолжи успешната балканска турнеа, па по настапите во Ниш и Аминдио, викендов беа дел од силнитот меѓународен турнир „Мир и пријателство“ кој се оддржа во Пеќ, Косово.


Во конкуренција на 350 натпреварувачи од клубови од десетина земји, кавадаречките џудисти се вратија со еден златен и два бронзени медали. Благица Колева ја потврди одличната форма, па откако ја залечи повредата од Аминдио, на убедлив начин стигна до првото место во својата конкуренција. Игнат Петров и Никола Јанев стигнаа до бронзени медали, Благој Тодоров заврши како 4ти, а Миле Плачков го освои петтото место.


„Задоволен сум од настапот на сите џудисти, особено од репрезентативката Благица Колева која ги доби сите борби со ипон, а во финалето славеше над репрезентативката на Австрија. Исто така добри борби прикажаа и Никола Јанев и Игнат Петров кој иако е пионер, се бореше во една возрасна категорија погоре и успеа да стигне до медал. Поради мало невнимание Благој Тодоров го загуби бронзениот медал, додека пак Миле Плачков загуби во третото коло“ - информира тренерот Марјан Колев.


Турнирот во Пеќ беше последна проверка пред почетокот на државните првенства во џудо на Македонија.





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov