Со премиерата на „Збунета бајка“ на Реплика Прва, одбележан вториот роденден на „Максима Еду“ |
Напишано од Unevski on Сабота, 12 Мај 2018 08:18 |
Кога ќе се спојат два успешни проекти, кога ќе се соединат ентузијазмот и посветеноста кон пренесувањето на знаење на децата на две школи кои иако сосема различни во она што го работат, го имаат истиот, оној неформалниот, пријателски пристап, кој можеби е вистинскиот за да се допре до децата, и кога сето тоа има двојна причина, најпрво роденденската за одбележување две, и повеќе од успешни години на центарот за странски јазици „Максима Еду“, и првата премиера на малата група од школата за театар „Реплика Прва“, тогаш успехот е неминлив.
Наместо страв и трема, преполното гледилиште беше дополнителен мотив на сите млади актери кои максимално одговорија на улогите кои им ги довери режисерот и раководител на школата за театар, Диме Коцевски, па во речиси еден час колку што поминаа на сцената измамија бројни аплаузи, насмевки и по некоја скриена солза од најемотивните.
Бројните изненадувања за сите ученици на центарот за странски јазици „Максима Еду“ продолжуваат и во деновите на финализирање на годишните курсеви, додека пак актерите од „Реплика Прва“ ќе Ве чекаат во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ веќе во вторник, за кога се закажани првите две репризи од „Збунета бајка“.
|