Вечерва, изложба на дела од Меѓународната струмичка ликовна колонија PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 09 Мај 2018 07:30   

 

Во среда, 9 мај 2018, со почеток од 20 часот, во Галерија при Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе биде отворена изложба на дела создадени на Меѓународната струмичка ликовна колонија, која секоја година во месец август се одржува во Струмица и е една од најстарите и најпознатите ликовни колонии во Македонија. Колонијата ја организира Центарот за култура “Антон Панов“ Струмица.


На кавадаречката јавност ќе и бидат претставени дела од последното одржано издание на колонијата во 2017, а во пресрет на овогодишното. Изложбата е во организација на Дом на култура “Иван Мазов - Климе Кавадарци, а е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov