Вечерва, последно слетување на кавадаречките „Стјуардеси“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 03 Мај 2018 07:02   

 

По повеќе од 25 прикажувања, апсолутниот хит на театарот при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ за 2017 година, комедијата „Стјуардеси“, вечерва, четврток, 3 мај 2018, за последен пат ќе биде поставена на сцената при кавадаречкиот театар. 

 

Последното слетување на кавадаречките „Стјуардеси“ Зорица Стефковска, Валентина Георгиева и Ребека Малиминовска во придружба на Диме Коцевски, Видан Станоев и Костадин Прокопов ќе започне во 20 часот, а влезниците по цена од 100 денари ќе бидат пуштени во продажба 2 часа пред почетокот на претставата на билетарата на Домот на културата „Иван Мазов - Климе“.

 

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov