Градскиот пазар во Кавадарци со ново работно време PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 02 Мај 2018 08:54   

 

Наместо среда, петок и недела, од 8 мај 2018 година, градскиот пазар во Кавадарци ќе работи секој ден освен понеделник.


Воведувањето на новиот работен режим на градскиот пазар е донесено со одлука на Советот на Општина Кавадарци кој е во надлежност на јавното претпријатие Комуналец - Кавадарци.


Промена има и во работното време кое е продолжено од 6 до 16 часот, а согласно Одлука за одредување на надоместок за користење на пазарниот простор и други погодности на јавниот пазар во Кавадарци донесена од Управен одбор на ЈП Комуналец и Одлука за давање на согласност на Одлука за одредување на надоместок за користење на пазарниот простор и други погодности на јавниот пазар во Кавадарци донесена од Совет на Општина Кавадарци е донесен и нов ценовник за користење на тезгите.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov