Стопанската комора на Македонија со признанија за „Слога Пром“ и „Кожувчанка“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 25 Април 2018 19:17   

 

Компаниите „Слога Пром“ ДООЕЛ и „Кожувчанка“ ДОО од Кавадарци добија уште едно значајно признание за исклучителната работа во минатата 2017 година, овој пат од Стопанската комора на Македонија која ги смести двете кавадаречки компании помеѓу петнаесетте најуспешни претпријатија во земјата кои оствариле позитивни резултати во работењето врз основа на однапред утврдени критериуми.


„Кожувчанка“ ДОО доби признание за реализирани инвестиции во земјата во 2017 година, а во оваа категорија друштво им прави само „Мермерен комбинат“ АД - Прилеп. Вкупната инвестиција на компанијата „Кожувчанка“ во делот за производство и дистрибуција на пиво, вклучувајќи го и процесот на производство и дистрибуција на свежо точено пиво во 2017 година изнесувала 1.270.000,00 евра. За оваа 2018 година планирани се нови инвестиции за зголемување на вкупното производство од 50%.


Компанијата „Слога Пром“ ДООЕЛ ја доби наградата за континуирано успешно работење и реализирана инвестиција со цел присутност и на странските пазари. Компанијата „Слога Пром“ како резултат на брзо растечкиот процес и побарувачката на домашниот пазар, е во фаза на градба на нов капитален објект составен од три инвестициски циклуси, од кој првиот е завршен со изградба на јавен царински склад и ладилник со 7 комори, а во тек е изградбата на вториот дел од овој ладилник.


Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, потенцираше дека станува збор за фирми кои имаат свој удел во домашната економија, посакувајќи секоја следна година да имаме што поуспешни и перспективни компании.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov