Општина Кавадарци бара волонтери за почисто и поубаво Кавадарци PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 23 Април 2018 15:37   

 

Општина Кавадарци, врз основа на Програмата за волонтирање за 2018 година, има потреба од ангажирање волонтери поради што објавува јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во Општина Кавадарци.

 

Согласно повикот се повикуваат сите заинтересирани странки и млади лица над 15 години да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа за потребата на Општина Кавадарци за активности според проектот „За почисто и убаво Кавадарци“.

 

Јавниот повик се објавува поради потреба на Општина Кавадарци за ангажирање на 40 лица – волонтери, кои доброволно ке извршуваат активности за почист и позелен град и тоа:

Оплеменување на зеленилото низ градот,
Засадување на нови садници,
Подигање на нови зелени површини низ градот,
Средување на јавни зелени површини низ градот,
Кастрење на вегетацијата,
Одржување на селските патишта и фудбалски игралишта,
Чистење и одржавање на чистотата на повеќе локации како што се: просторот на поранешната дискотека Ла Луна, Градски парк, месноста Моклиште, околината покрај новиот Суд, главните влезови на градот, околината кај споменикот 12 те Другари и други локации.


Времетраењето на волонтерската работа е од 01.05.2018 година до 31.07.2018 година кое ќе се регулира со склучување на договор за волонтирање.

 

Заинтересираните лица потребно е да достават Пријава на следната адреса: Општина Кавадарци, ул. Плоштад Маршал Тито бб со назнака за Јавен повик за аплицирање на кадидати за волонтирање во Општина Кавадарци или дитекно во архива на Општина Кавадарци соба бр. 20.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov