Кавадаречките „Стјуардеси“ во вторник по втор пат ќе „слетаат“ во Неготино PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 23 Април 2018 15:15   

 

Поради преголемиот интерес, театарската претстава „Стјуардеси“ на театарот при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ по втор пат ќе биде поставена на сцената при Домот на културата „Ацо Ѓорчев“ во Неготино.

 

Второто прикажување на хит комедијата „Стјуардеси“ која е во режија на Диме Коцевски, а во која се улогите покрај Коцевски ги играат Видан Станоев, Костадин Прокопов, Зорица Стефковска, Валентина Георгиева и Ребека Малиминовска е закажано за во вторник, 24 август со почеток од 19 часот и 30 минути.

 

Билетите за претставата по цена од 50 денари ќе бидат пуштени во продажба на билетарата на Домот на културата „Ацо Ѓорчев“ на самиот ден на претставата.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov