Раководството на ГФК Тиквеш ги отфрла обвинувањата за наводно местење на натпреварот со Борец PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 22 Април 2018 14:24   

 

Поразот на ГФК Тиквеш од ФК Борец од 1-3 предизвика лавина реакции кај кавадаречката фудбалска и спортска јавност која обвинува за наводно местење на натпреварот. По повод разјаснување на ситуацијата, со свое соопштение до јавноста се јави и раководството на градскиот фудбалски клуб Тиквеш кое Ви го пренесуваме во целост.


Почитувани,


По денешниот одржан состанок на кој присуствуваа раководството и играчите на ГФК Тиквеш, сакаме да ставиме точка на обвинувањата со кои се соочуваме.
По вчерашниот натпревар помеѓу ГФК Тиквеш и ФК Борец 1919 на која за жал нашиот тим изгуби со резултат 1:3 не стивнуваат реакциите дека истиот наводно бил наместен. Ваквите неосновани обвинувања само ставаат темна дамка на македонскиот фудбал.


Целото раководство на ГФК Тиквеш заедно со играчите со максимални сили се обидува да го придвижи кавадаречкиот фудбал кон посветли денови. Играчите напорно работат за да постигнат добри резултати а раководството се обидува да го менаџира тимот се со цел наредната година да влеземе во прва лига. Оваа години ГФК Тиквеш ќе биде гостин во Германија кај Шалке 04 на 4 дневни припреми, ова гостивање е од голема важност за нашиот тим.

Ваквиот резултат од вчерашниот натпревар за нас претставува уште поголем мотив за напорни тренинзи кои ќе резултираат со големи победи во иднина.
Неоснованите обвинувања упатени кон раководството целосно ги отфрламе и нашата енергија ќе ја насочиме кон, како што рековме, постигнување на подобри резултати. Од вас, драги сограѓани, ја бараме целата поддршка и поголема посетеност на фудбалските натпревари. Вашата поддршки на нашите млади играчи ќе им даде поголем мотив за победи.
ГФК Тиквеш не учествува во никакво двојни игри за наместени натпревари, ГФК Тиквеш го враќа сјајот на кавадаречкиот фудбал.


Со почит,


Раководството на ГФК Тиквеш.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov