Започна пријавувањето за учество во винскиот карневал PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 11 Април 2018 15:28   

 

Со желба да се врати сјајот на стопанско-туристичката манифестација „Тиквешки гроздобер“, која годинава ќе се оддржи на 7, 8 и 9 септември, општина Кавадарци започна со интензивни подготовки.


Верувајќи дека сите граѓани на Кавадарци можат и треба да со свој придонес да учествуваат во оваа манифестација, Општина Кавадарци објавува Јавен повик за пријавување за учество во еден од централните настани од секој гроздобер, винскиот карневал. Право на учество имаат сите лица кои сакаат да настапуваат во групни маски и да го збогатат Винскиот карневал со иновативни идеи во духот на виното и традицијата на Тиквешкиот Гроздобер.


Се што треба да направите за да го пријавите Вашето учество е да го потполнете формуларот кој можете да го превземете од следниот линк, и да го испратете на следната адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov