Локалното дерби ГРК Тиквеш - РК Вардар Неготино ја враќа ракометната магија во Кавадарци PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 11 Април 2018 10:39   

 

Локалното дерби помеѓу градскиот ракометен клуб Тиквеш и ракометниот клуб Вардар од Неготино по долги години, барем за момент повторно ќе го врати ракометот во фокусот на кавадаречката спортска јавност.


Убедливиот триумф во првиот натпревар по десетина години во Неготино на ракометарите на Вардар, но и далеку подобрата сезона и учинок ги прави гостинските ракометари фаворити, иако многу пати се докажало дека во локалните дерби натпревари пресудува моменталната мотивација и инспирација на играчите. Тоа го знаат и кавадаречките ракометари кои се надеваат дека токму триумфот над големиот ривал ќе ги помести од дното на првенствената табела, и ќе претставува најава за подобар финиш на сезоната.


Освен битката на теренот на натпреварот кој освен престижот, нема некое преголемо резултатско значење, се очекува да биде доста возбудливо и на трибините на кои се очекува нова епска пресметка помеѓу навивачките групи Лозари и Винари.


Натпреварот се игра во четврток, 12 април, со почеток од 19 часот.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov