Кавадаречкиот театар започна со подготовките на претставата „Ужасите предизвикани од пасивно пушење“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 11 Април 2018 09:45   

 

Нешто повеќе од една година од премиерното прикажување на хит претставата „Стјуардеси“, аматерскиот театар при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ од синоќа и официјално ги започна подготовките за новата претстава, „Ужасите предизвикани од пасивно пушење“, која дефинитивно ќе ја одбележи новата театарска сезона.


Претставата е во режија на Јордан Витанов, кој по втор пат ќе го постави драмскиот текст „Пасивно пушење“ на Небојша Ромчевиќ, откако на истиот текст минатата година работеше и со велешкиот театар.


Куриозитет е и тоа што за прв пат после подолго време на сцената ќе видиме исклучиво машка екипа, Диме Коцевски, Видан Станоев, Љупчо Настов, Коле Колев Зезо и повратникот Диме Боцев, која според досегашната работа и репутација најавува нова фантастична претстава.

 

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov