Јанчев: Велигден нека ни внесе мир во семејствата и спокој во душите PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 08 Април 2018 09:39   

 

По повод најголемиот христијански празник, Воскресение Христово - Велигден, градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев испрати честитка со која на сите христијани им го честита празникот. 

 

„Почитувани сограѓани,

 

Посакувам овој ден да биде поттик за многу здравје, љубов и хармонија. Овој голем ден нека ни внесе мир во семејствата и спокој во душите. Денес го славиме Исусовото воскресение, го славиме духовото раѓање, во душите внесуваме верба, и го вреднуваме покајанието. За христијаните ова е празник на љубов и мирот. Го славиме триумфот на животот над смртта. Духовните вредности се вредности кои треба да ги почитуваме. Вербата во Исус не учи на човекољубие. Ова е празник кога се спплотуваме во едно семејствата, вредностите и човековата добрина секогаш нека бидат на прво место. Христос Воскресна, Навистина Воскресна“, 

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov