Горна Бошава доби 11 метарски јарбол со македонското знаме PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 01 Април 2018 10:00   

 

На 31 март, на големиот христијански празник Лазарова сабота - Лазарица, селото Горна Бошава доби 11 метарски јарбол на кој се вее македонското знаме. Јарболот и знамето кои се поставени на сред село се донација од стоматолошката ординација Фуџи Дент на доктор Весна Чемерска Попова, а благодарение на пријателите на жителите на селото и претседателот на месната заедница, Гоце Попов, истите беа осветлени.


Работната акција за дополонителното разубавување на едно од најживописните села во поткожувието во која беа вклучени жителите продолжи со посадување на 60 чемпреси, кои се донација од Македонски шуми.


„Благодарност до сите жители кои се вклучија и ја помогнаа денешнат акција. Можеме да се пофалиме дека Горна Бошава полека заличува на село од типот на селата во западна Европа“ - изјави Гоце Попов - Фуџи, претседател на месната заедница Горна Бошава.

 

 

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov