Вклучете се во хуманитарната велигденска акција на кавадаречкиот Ротари клуб PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Петок, 30 Март 2018 17:02   

 

Со цел да им се помогне на најзагрозените семејства да го почуствуваат празничниот велигденски дух, Ротари клубот од Кавадарци ги повикува сите кавадарчани да се вклучат во големата хуманитарна акција и да донираат хранa за оние кои им е најпотребна.


Овој викенд, 31 март и 1 април, купувајте во во шестте најголеми супермаркети во градот, Минекс маркет наспротив основното училиште „Гоце Делчев“, ТД-ТД над Градскиот базен, Тинекс, Кам Маркет, Дијана маркет под ресторан Ексклузив и Кит Го и донирајте прехранбени артикли со кои ќе ја збогатите велигденската трпеза на нашите сограѓани на кои им е добредојдена помош.


По завршувањето на акцијата ќе бидат подготвени пакети, во координација со Центарот за социјални грижи Кавадарци и истите ќе бидат распределени на социјално ранливите семејства.


Со цел да се соберат што е можно поголем број на производи и да се опфатат повеќе семејства, Ротари клубот од Кавадарци ќе ја поддржи целата акција и со сопствена донација.


Кавадаречките ротаријанци веруваат дека акцијата ќе наиде на добар одзив и ќе прерасне во традиција како одраз на хуманоста на сите кавадарчани.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov