Фени го одработи своето, но суперлигашката влезница е кај Карпош Соколи PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 28 Март 2018 19:43   

 

Кошаркарите на Фени Индустри се вратија ментално поцврсти по психолошки тешкиот пораз од само еден поен од тимот на Шкупи, и на изненадување на македонската кошаркарска јавност со резултат 75-68 го совладаа второпласираниот тим на Блокотехна. Победата во последното коло од регуларниот дел го врати тимот од Кавадарци на посакуваната шеста позиција, но дали ќе обезбеди суперлигашко учество ќе зависи од утрешниот дуел на АВ Охрид кој му гостува на сезонава отпишаниот тим на Карпош Соколи.


Избраниците на Малинков како ретко кога сезонава одиграа фантастична одбрана, недозволувајќи му на противникот да постигне повеќе од 18 поени во една четвртина, и бодрени од својата мала, но верна навивачка армија стигнаа до големиот триумф кој може да значи суперлигашко продолжение на сезоната.


По разочарувачката прва четвртина, пред се во офанзива, Фени заигра многу подобро во продолжението, и веќе до полувреме успеа да ја намали предноста на Блоктехна на само 4 поени, 29-33. Иако кошаркарите на Блоктехна го добија максимално изедначениот трет период за само еден поен, на теренот се чуствуваше желбата за триумф на домашните кошаркари кои одиграа перфектен финален период. Тројката на Пајиќ на 38 секунди до крајот го најави големото изненадување, а серијата на Фени од 15:3 ја комплетираа капитенот Петровски и младиот Коцев кои имаа мирна рака од линијата за слободни фрлања за голем триумф на кавадаречкиот тим.


Пајиќ со 18, Петровски со 17 и Биберовиќ со 14 беа водечки стрелци во домашниот тим, додека Главчев и Мијатовиќ со по 16 поени беа најдобри кај гостите.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov