Се озеленува просторот зад зградите „Силекс“ и „Лепотици“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 13 Март 2018 11:10   

Акција за озеленување на јавни површини се спроведува во Кавадарци, се озеленуваат две големи локации од околу пет и четири илјади квадратни метри.


Директорот на кавадаречкото Јавно претпријатие „Комуналец”, Ѓорѓи Поп Ицов информираше дека целта е преку дополнителното зеленило во градот, да се влијае естетски и хортикултурно, но и еколошки.


„Во моментов активно се работи на терен на улицата “Страшо Пинџур”, позади таканаречените “Силекс” згради. Активности се изведуваат и во новиот центар на Кавадарци, позади зградите викани “лепотици”. Се посадуваат трева и садници од декоративни високорастечки дрвца, појасни Поп Ицов.


Тој нагласи дека акцијата за озеленување на градот ќе продолжи и на други локации.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov