Лозарите преку здружението “Напредни лозари” ќе ги бара парите од винаријата „Стефани“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 13 Март 2018 11:08   

 

Лозари кои побаруваат пари за предадено грозје од реколтата 2015 во некогашната винарница “Стефани” од Кавадарци, доставуваат документи во новоформираното Зружение на лозаропроизводители “Напредни лозари”, со цел да си ги наплатат парите од фирмата која ќе оди во стечај, информираше Трајче Кулев, претседател на ова Здружение.


„Како застапници на интересите на производителите на грозје, целта е да имаме евиденција колкави се вкупните побарувања на лозарите од таа винарија, како нејзини доверители. Ние ќе настојуваме парите кои се должат, да бидат исплатени“ - соопшти Кулев.


Нeкаде над 200 лозари досега ги посетиле просториите на Здружението и доставиле документација за неплатеното грозје.
„Таа бројка континуирано се зголемува. Според нашите сознанија, на име неплатено грозје, винарницата им должи на лозарите околу 530 илјади евра. Но, мислиме дека таа бројка е поголема“ - нагласи претседателот на ова регионално здружение, кое ги застапува интересите на лозарите од неколкуте општини во Тиквешијата, како најголем лозаро-винарски регион во Македонија.


Тој додаде дека некои од лозаропроизводителите, побаруваат и до десет илјади евра за предадено, а неплатено грозје.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov