Припадниците на МВР и Гранична полиција даруваа крв PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 13 Март 2018 11:00   

 

Припадниците на министерството за внатрешни работи од полициската станица од општа надлежност Кавадарци и граничната полиција Регионален центар - југ со седиште во Кавадарци, денеска во просториите на полициската станица од општа надлежност Кавадарци ја реализираа првата од традиционалните две заеднички крводарителски акции.


Во пресрет на 17 март, Денот на Црвениот крст и крводарителството во Република Македонија, претседателот на општинската организација на Црвениот крст, Димитар Каракулев упати честитки за хуманоста на сите крводарители.


„Во 2017 година реализирани беа 1810 крвни единици во двете општини Кавадарци и Росоман, а предвидениот годишен план е 1180. што значи 630 крвни единици повеќе од предвиденото. Ова се должи на големата хуманост и солидарност на граѓаните на овие две општини. Од име на Црвениот крст и од име на оние на кои крвта им е неопходна по нивното здравје изразуваме голема благодарност и респект за сите крводарители за покажаната хуманост од нивна страна“ истакна Каракулев.


Инаку денешната акција ја спроведува републичкиот центар за трансфузиологија, а се очекува да бидат собрани околу 40тина единици крв.

 





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov