КК Академик и кошаркарската школа при „Добри Даскалов“ играа за помош на Блаже Пешевски |
|
|
|
Напишано од Unevski on Четврток, 08 Март 2018 19:39
|
Освен основите на кошаркарската игра, напредокот и спортските навики и особини, во кошаркарскиот клуб Академик и кошаркарската школа при гимназијата „Добри Даскалов“ се учат, промовираат и поддржуваат и најважните животни особини, се со цел младите да прераснат во совесни и одговорни личности кои ќе ги сакаат, почитуваат и ќе им помогнат на своите најбилсики.
Последниот пример за хуманоста и човечноста на новите генерации кавадаречки деца е од понеделникот, кога членовите на двата тима во машка и женска конкуренција одиграа ревијален кошаркарски турнир за помош на 12 годишниот Блаже Пешевски кој боледува од церебрална парализа, и на кој му е потребна итна операција на 'рбетниот столб.
Идеата за организацијата на турнирот е на младата кошаркара Софија Маркова која доби апсолутна поддршка од тренерите Дарко Цеков и Блаже Клинчаров, своите клубски колеги, но и од нивните родители кои одвоија дел од својот буџет за да му помогнат на младиот Блаже.
|