ГСОЛ ги повикува необезбедените доверители на Фени да достават барања PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 08 Март 2018 11:25   

 

Компанијата ГСОЛ, преку претставништвото Еуроникел Дооел Скопје ги повикува сите необезбедени доверители чии побарувања се прифатени во стечајната постапка што се води за Фени Индустри АД-во стечај, да ги достават своите барања со цел започнување на постапката за исплата.

 

Барањата треба да се достават во период од 12ти до 16ти март, 2018 година во канцелариите на Адвокатското Друштво Поленак, правните застапници на Еуроникел Дооел Скопје.

 

Се покануваат необезбедените доверители претходно, да го контактираат Адвокатското Друштво Поленак на телефонскиот број 02 3114 737, заради закажување термини.

 

Пред два дена ГСОЛ – ЕуроНикел најави дека започна постапка за исплата на вкупните побарувања одФени Индустри на сите признати доверители.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov