Кавадарци ќе го одбележи животот и делото на академик Глигор Чемерски PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 07 Март 2018 12:04   

 

Во организација на Градоначалникот и Советот на општина Кавадарци, Дом на култура „Иван Мазов - Климе“ и Музеј-Галерија на град Кавадарци, во петок, 9 март, ќе биде одбележан животот и делото на академик Глигор Чемерски.

 

Глигор Чемерски е роден во Кавадарци во 1940 година. Се образувал во Скопје, Белград и во Париз. Завршил Академија за ликовна уметност и постдипломски студии во Белград. Во 70-тите години добива стипендија од француската влада, што му овозможува повеќегодишен престој во Париз. Чемерски беше чест гостин на француската престолнина, а во последните години стана еден од постојаните сликари на „Galerie du Fleuve“ во Париз.


Неговиот стил е инспириран од експресионизмот и иконите на православието. Познати се неговите слики за Свети Ѓорѓија и ламјата, Aвтор e на Споменикот на слободата во Кочани, на мозаиците во Стопанската банка во Скопје, Хидроцентралата во Вруток, на зградите на македонска пошта и на некогашната стоковна куќа, денес Комерцијална банка во Кавадарци, на сликарскиот триптих „Македонија“ во МАНУ.


Чемерски кој е еден од најзначајните современи македонски уметници почина на 2 април 2016 година во Скопје.

ци.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov