По повод празникот 8-ми Март, денес, 7 март 2018, со почеток од 19 часот, во Домот на култура „Ивана Мазов - Климе“ Кавадарци, ќе се одржи целовечерен концерт на Trio Gentlemen, насловен како “Во чест на дамата“.
Trio Gentlemen е група составена од тројца оперски пејачи: Дејан Стоев - тенор, Кристијан Антовски - баритон и Дарко Нешовски - тенор, која го негуваат поп класичниот стил, кој во светот е веке добро познат, најмногу по светски славните „Il Divo".
Trio Gentlemen на своите настапи звучат онака како и што изгледаат, модерно, елегантно и софистицирано, со вокални можности кои им овозможуваат да се носат рамо до рамо со најголемите музички ѕвезди од овој жанр.
На репертоарот ги имаат светските хитови: "My Way", "One Night Only", "Caruso", " Unbreak My Heart", "You Raise Me Up", "Parla Piu Piano", "Adagio", Amazing Grace", Everytime I look At you", руски романси, италијански канцони, шпански песни, а секако и македонско творештво.
Со дел од овој репертоар ќе се претстават и ќе го посветат концертот специјално за сите Дами од Кавадарци.
|