ГФК Тиквеш поразен во првиот натпревар од продолжението на сезоната PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 06 Март 2018 16:07   

 

Фудбалерите на градскиот фудбалски клуб Тиквеш со пораз се враќаат од гостувањето во Штип, откако денес во првиот натпревар од продолжението од втората по ранг македонска фудбалска лига - исток, беа совладани од тимот на Беласица со минимални 1-0.


На исклучително тешкиот терен за игра единствената разлика ја направи Иван Митров кој со голот во 33 минута на својот тим му ги донесе првите три бода во продолжението од сезоната.


Со победата над Тиквеш и киксот на Кожув, Брегалница  остана осамена на втората позиција на првенствената табела, додека Тиквеш ја задржа шестата позиција со 20 бодови, 13 помалку од лидерот Беласица која со 1-8 го декласираше тимот на Победа Валандово.


Во следното коло кое на програмата е овој викенд, кавадаречките фудбалери ќе имаат уште еден тежок тест. Овој пат, на градскиот стадион во Кавадарци ќе го пречекаат третопласираниот тим на Кожув, кој денеска неочекувано ремизираше со екипата на Каменица Саса.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov