„Пења Мадридиста Македонија“ најавува фудбалска забава во гостилница „Старо Маало“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 01 Март 2018 10:43   

 

Вториот осминафинален натпревар од фудбалската Лига на шампиони помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид е нова причина македонските следбеници на кралскиот тим обединети во фан клубот Пења Мадридиста Македонија да поминат уште едно заедничко дружење исполнето со фудбал и забава.


Според организаторите, Кавадарци ќе биде домаќин новата фудбалска дружба закажана за во вторник, 6 март, која ќе донесе и дополнителни активности и поволности за сите присутни. Освен следење на натпреварот како централен настан, организаторите подготвуваат и мини турнир во PES 2018 на PS4 PRO со награди за најдобрите, но и бројни попусти на сите специјалитети во гостилница „Старо Маало“ и промотивна цена на свежо точено Македонско пиво.


Поради ограничениот број на места за седење, резервирајте го Вашето место на време. За повеќе информации за самиот настан, прочитајте на следниот линк https://www.facebook.com/events/198262244259322/

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov